ПРАВИЛНИК ЗА БОДУВАЊЕ НА ТРКАЧИ

ПРАВИЛНИК ЗА БОДУВАЊЕ

ЗА УЧЕСТВО ВО МАКЕДОНСКАТА ТРКАЧКА ЛИГА 2026

  1. Со учество на некоја од следните трки, автоматски станувате дел од Македонската Тркачката Лига:
    o Кавадаречки Полумаратон
    o Шри Чинмој маратон
    o ЗЕГИН Спектратон

    o ВОДНО 10К
    o Superior Runs
    o ХалкЕко Скопје Трча 10К
    o Охрид ТрчаТ
    o Че Трчаме
    o DRIM RUN
    o KRun
    o Трчај Бе
    o Виз Ер Скопски Маратон
    o 23 Октомври
    o Струмица на улица

    o November Run
  2. Во Македонската Тркачка Лига се рангираат само натпреварувачи од Македонија.
  3. Секој ваш резултат на трка која е дел од лигата, без разлика дали настапувате на 5 км, 10 км, 21 км или 42 км, во генерален пласман се бодува според табелата на Светска Атлетика:
    Линк до таблицата
    Напомена:
    Доколку трката не е со стандардната должина според која се пресметуваат бодовите во табелата, бодовите ќе се пресметаат со коефициент според должината на патеката.
  4. Ранг-листата во лигата се ажурира автоматски во рок од 5 часа по завршувањето на секоја трка.
  5. Рангирањето се врши одделно за машка и женска конкуренција и се базира на збирот на бодовите освоени на сите трки во лигата. Во рангирањето се прикажува вкупниот број бодови, како и бројот на трки на кои учесникот има настапено. Штафетните трки не влегуваат во бодување.
    Покрај генералниот пласман, ќе има и рангирање по возрасни категории за мажи и жени. Категориите се:
    40–44 години, 45–49 години, 50–54 години, 55–59 години, 60–64 години, 65–69 години и 70+ години.
    Бодовите во возрасните категории се пресметуваат со коефициент според возраста на учесникот.
  6. Во случај двајца или повеќе натпреварувачи да имаат ист број бодови, предност ќе има оној кој учествувал на повеќе трки. Доколку и бројот на трки е ист, повисоко ќе биде рангиран натпреварувачот со подобар резултат (повеќе освоени бодови на една трка).
  7. Доколку резултатот на која било должина не достигне минимум од 1 бод според табелата на Светска Атлетика, тој резултат нема да биде земен предвид при пресметката на бодовите за генералниот пласман.
    За рангирањето во возрасните категории (40+), на резултатите ќе им се додаваат бодови според возрасниот коефициент и според таа пресметка ќе се формира пласманот во категориите. Ова правило важи само за возрасните категории, додека за генералниот пласман бодувањето е исклучиво според вредноста на резултатот од табелата на Светска Атлетика.
    Минимални резултати за 1 бод (генерален пласман)::
    Мажи
    5км – 00:23:41
    10км – 00:51:46
    21км – 01:57:17
    42км – 04:11:16
    Жени
    5км – 00:34:24
    10км – 01:13:43
    21км – 02:56:41
    42км – 06:22:49
    НАПОМЕНА: Доколку трката не е со стандардна должина, бодовите ќе се пресметуваат со коефициент според должината на патеката.
  8. За системот автоматски да ги препознае и поврзе вашите резултати, задолжително е на сите трки од лигата да се пријавувате со исто име и презиме, точен датум на раѓање и со исто писмо (кирилично или латинично).
  9. Доколку забележите дека некој ваш резултат недостасува во рангирањето, ве молиме контактирајте нè на info@tagtiming.mk или на info@mtl.mk , при што треба да ги наведете следните податоци:
    o Вашето име и презиме
    o Датум на раѓање
    o Резултатот од трката
    o Учество на други трки од лигата (доколку е применливо)
  10. По завршувањето на сезоната, организаторите на лигата ќе ги прогласат најдобрите 3 натпреварувачи во машка и женска конкуренција во генерален пласман. Првите 5 во генералниот пласман ќе добијат и бесплатни котизации за сите трки во 2027 година. Исто така, победниците во секоја возрасна категорија ќе добијат бесплатна котизација. Услов за добивање бесплатна котизација во која било категорија е учесникот да има завршено најмалку 50% од трките во сезоната (односно 8 од 15).
    Најдобрите 3 (машко/женско) во секоја возрасна категорија ќе добијат трофеи, а најдобрите 10 ќе добијат медал со логото на лигата како сувенир.

    Доделувањето на признанијата и наградите ќе се одржи на посебна церемонија. Дополнителни информации ќе бидат објавени во текот на сезоната.